Спектакуларен крај на „Денови на Крали Марко“ со концерт на „Мизар“
Со прекрасна атмосфера, исполнет Амфитеатар во Варош и моќен концерт на легендарната група Мизар, викендов успешно беше заокружена традиционалната манифестација „Денови на Крали Марко“, во организација на Општина Прилеп. Во текот на изминатите денови, граѓаните имаа можност да проследат повеќе културни, едукативни и уметнички настани посветени на легендата за Крали Марко – симболот на Прилеп и македонската историја. Во амбиентот на црквата Св. Никола – Варош беа организирани ликовни работ...