Меџити: Паркот „Ринија“ стана симбол на заедништвото и младинската креативност
Паркот „Ринија“ денес го потврди вистинското значење на своето име, претворајќи се во место исполнето со насмевки, музика и позитивна енергија, истакна градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити. Во пријатна и топла атмосфера, млади музичари настапија пред жителите на населбата, додека децата, семејствата и останатите посетители уживаа во посебна вечер исполнета со живост, креативност и чувство на заедништво. „Под светлата на паркот се создаде прекрасен момент што...