Поевтина храна, пониски цени на горивата – инфлацијата во јуни падна за 0,5%
Инфлацијата во јуни забележа месечен пад од 0,5 отсто, најмногу поради поевтинувањето на храната и горивата. Сепак, на годишно ниво трошоците на животот и натаму растат и се за 3,4 насто повисоки отколку во јуни лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во однос на мај, најголемо намалување на трошоците е регистрирано кај транспортот, каде што цените се пониски за 1,6 проценти, додека храната и безалкохолните пијалаци поевтиниле за 1,1 процент. Оттаму и најголемиот им...