Зад водата се појави политичка сенка: кој ќе ја преземе одговорноста?
ВМРО-ДПМНЕ побара надлежните институции итно и целосно да го испитаат случајот со водата во Гостивар, како и да утврдат одговорност кај сите лица што евентуално постапувале несовесно и непрофесионално. Од владејачката партија оценуваат дека локалната власт потфрлила во обезбедувањето безбедна вода за пиење, што претставува едно од основните права на граѓаните. Според нив, недозволиво е во време на забрзан технолошки напредок жителите на еден град да бидат изложени на ризик поради проблеми со вод...