Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции
Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните инфраструктурни проекти. Тој најави дека наскоро ќе започне реконструкцијата на улиците „Трајко Николоски“ и „Орде Чопела“, со вкупна вредност од околу 180 милиони денари. Меѓу следните инвестиции ги издвои и изградбата на дел од улицата „Победа“, од крстосницата с...