„децата на македонија“ или деца на инцидентот? дали филипче заглави во сопствената режија?!
Кога една партија ќе остане без идеи, обично ја менува програмата. Кога ќе остане без политички инстинкт, ги менува луѓето. Но кога ќе остане и без едното и без другото, тогаш на терен испраќа лица што не ја пренесуваат нејзината порака туку ја погребуваат. Токму таков политички мирис се шири од Ново Село. Не мирис на нова опозициска енергија, туку на стар бензин истурен врз веќе опожарениот партиски рејтинг. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека меѓу „децата на Македонија“, како што Венко Филипче ги претстав...