Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен
Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој посочи дека особено критична била состојбата околу Крушевица во текот на вчерашниот ден, но со помош на механизација е направен заштитен појас со кој е спречено ширењето на пожарот кон населеното место. „Во моментов таму гори ниска вегетација“, и...