Пробиштип се подготвува за рок-спектакл: Вечерва 12. издание на „Рудар Рок Фест“
Пробиштип денес ќе биде регионален центар на рок и метал музиката. Во Градскиот парк, со почеток во 19 часот, ќе се одржи 12. издание на „Рудар Рок Фест“, со богата програма во која се спојуваат младоста, искуството и различните стилови на рок-звукот. Влезот е бесплатен, а посетителите ги очекува енергична музичка вечер под отворено небо со изведувачи од Македонија, Србија, Хрватска и Велика Британија. Фестивалот во изминатите години прерасна во еден од најпрепознатливите музички настани во П...