Општина Битола: ОУ „Гоце Делчев“ доби нови современи спортски терени
ОУ „Гоце Делчев“ во Битола доби нови и современо опремени спортски терени, со што се создаваат подобри услови за спорт и рекреација на учениците. Во рамки на проектот изградени се две повеќенаменски игралишта – едното наменето за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка. Терeните се оградени и осветлени, а опремени се и со спортски реквизити и урбана опрема. За реализација на проектот се издвоени вкупно 14.280.422 денари. Средствата се обезбедени преку вториот владин повик, во рамки на програм...