Коњановски: Го менуваме начинот на управување со отпадот во целиот регион
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше на втората работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот плански регион, на која беше презентирана нацрт-верзијата на Регионалниот план за управување со отпад. Седницата ја отвори претседателот на Меѓуопштинскиот одбор и градоначалник на Новаци, Стевче Стевановски, а на средбата присуствуваа градоначалници и претставници од општините од двата региона. Коњановски во воведното обраќањ...