Николоски со порака до софија: михаилова да се соочи со правдата, а не со политичка заштита
Барањето за соочување со правдата не смее да се претвори во политичка приказна за прогон. Тоа е суштината на пораките што вицепремиерот Александар Николоски ги упати во врска со заминувањето на обвинетата Ива Михаилова во Бугарија и реакциите што случајот ги предизвика во Софија. Во гостување на телевизија Алфа, вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Македонија очекува бугарските институции да постапат по меѓународната потерница и да овозможат Михаилова да се соочи со правдата. Според...