3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка најави зголемен лимит, нови шалтери и целосна исплата за идните приливи
Од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтерите и во Тетово и Струмица, на кои граѓаните што немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажни места со платежните картички на Банката се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. Третото олеснување се однесува на сите идни нови приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки - нив гра...