Таткото на загинатиот Томче: Ова не е судбина, туку убиство од небрежност на институциите
Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче Стојанов по комеморативната седница во Собранието рече дека е срамота после една година да закажат комеморација.По наше барење е комеморацијата, ако ние не го притиснавме немаше ни ова да се случи. Не е ли срамота и греота да загинат, во една држава 63 млади животи да згаснат, кои беа иднината на државата. Срамота после една година комеморација да изразат. Не знам, ова го нема ни во најназадните земји, ни во Авганистан, ни во Пакистан. 63 деца да загина...