Проданоски најави еко-акција за пошумување во Прилеп
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на природата Маркови Кули“ е одобрен за реализација, а неговата цел е да се зајакнат еколошките процеси и да се зачува биолошката и пределската разновидност на овој значаен локалитет. Проданоски истакна дека во рамките на проектот е набавена опрема за садење дрвја која ќе биде на...