Лицата со крвна група Б имаат зголемен ризик од дијабетес тип 2
Лицата со крвна група Б би требало да обрнат малку поголемо внимание на животните навики што се поврзани со ризикот од дијабетес. Според сеопфатен преглед објавен во 2024 година, лицата со крвна група Б, без разлика на Rh факторот, имаат малку поголем ризик од развој на дијабетес тип 2 во споредба со лицата што ја немаат оваа крвна група, објавува Science Alert.Ризикот е во просек поголем за околу 28 проценти. Иако не станува збор за голем процент, тоа може да биде значајно, особено ако постојат...