МРТВ вчера распиша конкурс за ново раководство, а веќе денес кружат имиња на потенцијалните нови директори
Македонската радио-телевизија (МРТВ) го распиша конкурсот за избор на нов генерален директор и заменик директор, со што започнува процесот за избор на ново раководство по повеќе од една деценија, откако Марјан Цветковски 15 години беше на директорската позиција, а Захарија Вулгаракис на функцијата заменик директор.Конкурсот доаѓа со задоцнување, иако требаше да биде објавен пред неколку месеци, а неговото пролонгирање, меѓу другото, беше поврзано и со изборот на новиот Програмски совет на МРТ.Се...