Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“
Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која опфаќа фекална и атмосферска канализација, како и приклучоци за домаќинствата долж трасата. По завршување на оваа фаза, ќе следува асфалтирање на улиците, со што ќе се подобрат условите за сообраќај и секојдневно функционирање на жителите. За реконструкцијата на кол...