СДСМ Струмица: Пари има за нови ангажирања, но нема за изборните паушали
Општинската организација на СДСМ во Струмица денеска преку соопштение ја продолжи вчерашната реакција, обвинувајќи ја Општина Струмица дека со, како што наведуваат, „лажни аргументи“ се обидува да ја манипулира јавноста. Од ОО СДСМ Струмица тврдат дека официјалниот Буџет и ребалансот за 2026 година јасно покажуваат кои се приоритетите на локалната власт, а тоа, според нив, не се граѓаните. Во соопштението се наведува дека од сопствената сметка на Општината се предвидени вкупно 18.636.000 денари...