(Видео) Пешак удрен во Центар, со Брза помош однесен во болница
Пешак е удрен на улицата Максим Горки во близина на Мериот. Според првичните неофицјални информации, станува збор за тинејџер. Минувачи сведочат дека веднаш била повикана Брза помош а лицето пренесено во болница.Во близина на местото, според снимките кои ги испратија, има пешачки премин, но непознато е дали таму лицето поминувало. Возачот бил вознемирен по случувањето. Повеќе детали се очекуваат од МВР.