Три лица приведени во Струмица, кај две лица пронајдена марихуана
Три лица од Струмица се лишени од слобода откако кај две од нив била пронајдена марихуана. Според информациите од СВР Струмица, синоќа во 21:20 часот, полициски службеници ги привеле М.И.(33), С.Р.(29) и И.Р.(42), сите од Струмица. При извршен преглед, кај М.И. и С.Р. била пронајдена марихуана. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. The post Три лица приведени во Струмица, кај две...