ФБИ истражува серија мистериозни смртни случаи и исчезнувања на научници во САД
ФБИ отвори истрага по серијата мистериозни смртни случаи и исчезнувања на најмалку десет научници во Соединетите Американски Држави, кои биле поврзани со чувствителни државни проекти.Станува збор за експерти од областа на нуклеарната енергија, вселенските технологии и одбранбениот сектор. Според достапните информации, дел од нив биле убиени пред своите домови, додека други исчезнале под неразјаснети околности. Меѓу случаите што ја вознемирија јавноста се убиство на нуклеарен физичар и професор о...