Двајца струмичани приведени за разбојништво – со нож му одзеле пари на сограѓанин
Утрово околу 04:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода С.Х.(27) и С.А.(40), двајцата од Струмица, поради сомнение за извршено кривично дело разбојништво. Според информациите од полицијата, претходно во Полициската станица Струмица, П.Ч.(49) од Струмица пријавил дека околу 03:00 часот на улицата „Крушевска Република“ две лица му упатиле закани со остар предмет и му одзеле пари. По преземени мерки, полицијата ги привела осомничените, кај кои бил пронајден и одземен нож...