Најладно утрово на Попова Шапка: -2 степени
Утрово најниска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спуштила до -2 степени Целзиусови. Нула степени се измерени во Берово, додека 1 степен е регистриран во Крушево, Маврови Анови и Лазарополе.Во останатите делови од земјата утринските температури се движеле од 3 до 8 степени, при што најтопло било во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци и Гевгелија.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Крива Паланка (4 l/m²), потоа во Пожаране (3 l/m²),...