„Наковски волеј“ на чекор до титулата – струмичанки поведоа со 2:1 во финалната серија
Одбојкарките на „Наковски волеј“ остварија значајна победа од 3:1 во сетови (25:16, 25:13, 23:25, 25:19), против екипата на „Работнички“ во третиот натпревар од финалната плеј-оф серија во домашното првенство во женска конкуренција. Со оваа победа, струмичанки поведоа со 2:1 во серијата и се наоѓаат на чекор до освојување на шампионската титула, за која им е потребна уште една победа. Четвртиот натпревар од финалната серија ќе се одигра во петок со почеток од 18:00 часот во спортскиот центар СЦ...