Обвинителство нареди обдукција за починатиот во Кисела Вода, градежниот и инспекторатот за труд вршат увид на градилиштето
Тешка несреќа утринава во скопската населба Кисела Вода, каде при ископ на темели на градилиште на улицата „Козјак“ беа затрупани тројца работници. Во несреќата едно лице починало, а тројца се во тешка состојба и се хоспитализирани на Ургентниот центар.Од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека е издадена наредба за обдукција на починатиот.„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиш...