Струмица наскоро ќе добие затворен базен, инвестиција вредна над 50 милиони денари
Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, денеска изврши увид во изградбата на новиот затворен базен кој се гради во спортско-рекреативниот дел на градот, спроти Спортскиот центар на Горан Пандев. Според информациите, станува збор за современ спортски објект со површина од 600 метри квадратни, кој ќе овозможи подобри услови за тренинг, рекреација и развој на пливачките спортови во Струмица. Од Општината посочуваат дека со реализацијата на овој проект градот ќе добие нов квалитет во спор...