Зеленски потврди договор за прекин на огнот и размена на заробеници
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија и Украина постигнале договор за размена на воени заробеници во однос 1000 за 1000, а најави и можност за привремен прекин на огнот кој би траел од 9 до 11 мај.Зеленски се огласи на социјалната мрежа X по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека меѓу двете земји ќе биде воспоставено тридневно примирје.Тој наведе дека изминатите денови имало бројни сигнали и пораки поврзани со настаните во Москва и можни украински напади...