Европската комисија предлага целосна забрана за увоз на руска нафта.
Повереникот за енергија, Дан Јоргенсен, денес најави дека Европската комисија ќе предложи целосна забрана за увоз на руска нафта, за што веќе постојат санкции, но две земји имаат изземување.„Денес имаме санкции, но две земји се изземени и ние ќе предложиме тоа да се промени. Сите земји мора да се подготват за оваа ситуација, не сакаме во иднина да купуваме енергија од Русија“, изјави Јоргенсен на прес-конференција по состанокот на министрите за енергија на земјите членки.Унгарија и Словачка имаа...