Дел од повредените од трагедијата во „Пулс“ ги чекаат сложени операции: Треба да бидеме особено внимателни со лузните на прстите и лицето
Повеќе специјалисти од различни медицински области се вклучени во третманот на повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“, вели докторката на кочанската болница, Катерина Паниќ-Мирчовска.Таа посочи дека во третманот се вклучени психијатри, дерматолози, пулмолози и хирурзи, кои работат со пациентите и ја следат нивната здравствена состојба.„Организирани се повеќе специјалисти од повеќе специјалности. Психијатрите, дерматолозите, пулмолозите и хирурзите работат со повредените. Вчера имавме п...