(Видео) Кучиња трчаат по луѓе во Карпош, избегнат напад во последен момент
Граѓани алармираат за појава на глутница кучиња во населбата Карпош, во близина на Скопје Сити Мол, каде, според нив, животните веќе два дена бркаат минувачи и создаваат чувство на небезбедност.Според сведоштва на жители, вчера се случил инцидент кога глутницата се стрчала кон девојка која шетала домашно милениче. Потенцијалниот напад бил спречен во последен момент, откако возач со автомобил интервенирал и ги оттурнал кучињата.Жителите тврдат дека ова не е изолиран случај и дека кучињата агресив...