Трамп најави можен договор со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето меѓу Израел и Либан го вклучува и Хезболах, додавајќи дека очекува да се сретне со израелскиот и либанскиот лидер, но без да прецизира датум.Тој пред новинарите пред Белата куќа рече и дека преговорите со Иран напредуваат, наведувајќи дека Техеран се согласил дека нема да поседува нуклеарно оружје. Според него, договорот што се договара „има вредност за повеќе од 20 години“, а шансите за постигнување договор ги оцени како многу добри....