Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.За денеска Обвинителството има предложено тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од општина Кочани.Одбраната на обвинетите денеска ќе треба да се изјаснат дали го прифаќаат повлекувањето на дел од сведоците предложени од Обвинителството откако Обвини...