Израел ја проширува безбедносната зона на границата со Либан
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по состанокот во штабот на Северното командување на израелската армија во Сафед, изјави дека израелските акции создаваат „видливи пукнатини во терористичкиот режим во Техеран“.„Иран повеќе не е ист. Хезболах повеќе не е ист. Хамас повеќе не е ист“, рече Нетанјаху и додаде дека овие три непријателски групи „се борат за сопствен опстанок“. „Наместо тие да нѐ изненадуваат нас, ние ги изненадуваме нив. Ние сме страната која дејствува, која напаѓа, која иницира...