Епископот Јаков на полноќ ја соопшти веста за Христовото воскресение
Православните верници од Струмица го започнаа славењето на Христовото воскресение, најголемиот и најрадосниот празник, кој според христијанското учење ја симболизира победата на животот над смртта. На полноќ, во Струмица, веста за Христовото воскресение ја објави Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски со свештениците на богослужба што се одржа во дворот на црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, каде присуствуваа и голем број верници. Меѓу присустните беше и градоначалникот на општи...