Ковачки: Македонија постојано покажува дека е сигурен и одговорен европски партнер, пристапувањето мора да засновано на заслуги, владеење на правото и економско усогласување
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, имаше свое обраќање на денешниот настан кој беше во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ,,Женско лидерство-Европската интеграција на Западен Балкан во светлината на безбедносните и технолошките предизвици на Европа“.,,Во име на ВМРО-ДПМНЕ, чест ми е да ве поздравам во Скопје, главниот град на земја мала по територија, но голема по решителност. Земја која го носела товарот на историјата на своите рамена и се уште стои, гради и, што е...