Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп
Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се реализираше по повод одбележувањето на Денот на пролетта, е финансирана од Бирото за регионален развој, а во неа учествуваа претставници на локалната самоуправа, јавните претпријатија, институции, ученици, како и голем број граѓани и волонтери. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоск...