Николова до Јаневска: Системот за унапредување на наставниците е административен лавиринт за партиски подобните
Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, на денешната седница за пратенички прашања го постави прашањето до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за процесот на стекнување на звањата наставник ментор и наставник советник во основното и средното образование, оценувајќи го како административен лавиринт дизајниран за партиски награди или елиминација и системско понижување на македонскиот наставник.Николова во своето излагање објасни дека Министерството за образование на 30 јуни 2025 г...