Герасимовски: Пензионерките ги учат младите за традицијата пред Велигден
Пензионерки од „Активот на жени“ ги учеа седмодделенците во ООУ „Киро Глигоров“ за велигденските обичаи, фарбањето јајца и подготовките за празникот, во рамки на едукативно-креативна работилница што се одржа во пресрет на Велигден, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Работилницата е дел од поширок проект на општината за враќање на практичните вештини во образовниот процес, преку наставниот предмет домаќинство, со фокус на пренесување на традицијата и сем...