Масовни откажувања на летови во Германија поради штрајк на пилотите на Луфтханза
Стотици летови се откажани во Германија откако пилотите на „Луфтханза“ втор ден по ред стапија во штрајк поради спор околу повисоки плати и пензиски услови.Штрајкот ги опфаќа пилотите во матичната авиокомпанија, како и во „Луфтханза Карго“ и „Луфтханза СитиЛајн“, при што акцијата започна веднаш по полноќ.Повеќе од илјада полетувања и слетувања се откажани на аеродромот во Франкфурт, главниот центар на компанијата, додека во Минхен се укинати стотици летови, што предизвика сериозни нарушувања во...