Реалност или пародија? настап што ја засрами професијата
Во време кога јавниот говор треба да биде пример за професионалност и култура, сцената во Тетово делуваше како спротивност на сè што претставува новинарството. Наместо ред, аргументи и јасно поставени прашања, јавноста виде група новинари кои звучеа како стерео што „шушка“ и расштиман оркестар – сите зборуваат во исто време, без ред, без почит и без елементарна комуникациска култура. Во таа бучава од преклопени гласови и наметлив тон, новинарството беше сведено на хаос, а професионалните стандар...