Скриената опција: политичкиот фактор што не се мери, а може да изненади
Не е исклучено дел од овој „тивок“ корпус да се ориентира кон политички субјект или фигура која или не се нуди експлицитно во анкетните прашања, или намерно се маргинализира во рамките на стандардните листи. Во таков случај, анкетата не ја регистрира поддршката, туку ја оттурнува во категоријата „неопределени“ или „не сакаат да кажат“. Токму таму може да се акумулира потенцијал што во одреден момент ќе се појави како изненадување. Анкетите, особено кога не се врзани за конкретно закажани избори...