Мајкрософт пресече: Windows 11 конечно се „прочистува“ – помалку реклами, помалку наметлив AI и повеќе контрола
Мајкрософт објави пакет значајни промени за Windows 11 со јасна цел – да се намали чувството дека системот е преоптоварен со наметливи елементи и да се врати довербата кај корисниците што подолго време се жалат на нестабилни перформанси, недоследен изглед и пад на целокупниот квалитет на искуството.Во фокусот се неколку точки што директно ги погодуваат најчестите критики: присуството на реклами во делови од системот, преголемата експонираност на Copilot и AI-функциите, бавната и „тешка“ системск...