Претседателскиот дигнитет во контекст на нормативна релативизација
Во правно уреден систем, отстапувањето од експлицитно пропишаните законски рокови не претставува техничка неправилност, туку суштинско нарушување на принципот на законитост. Во таа смисла, прашањето за пробивањето на рокот за избор на двајца вицегувернери од страна на Трајко Славески мора да се третира како сериозен институционален и правен проблем, а не како маргинална административна аномалија. Роковите, во нормативна смисла, се интегрален дел од правната норма. Тие не се секундарни во однос н...