Села го обвини Мицкоски дека лаже: Владата го прекрши договорот за Коридорот 8
Одговорот на премиерот Христијан Мицкоски во врска со Коридорот 8 содржи многу невистини и искривувања, вели Зијадин Села од Алијанса за Албанците.„Обидот да се обвини Албанија дека автопатот е стопиран на 25 километри од границата е уште една манипулација, бидејќи станува збор за договор меѓу двете влади за изградба и кофинансирање на тунел кој исто така би го поместил граничниот премин на поповолна позиција што значително го скратува патот и е полесен за одржување. Но, сегашната влада го прекр...