Коњановски: Во Битола се гради модерна противпожарна станица што ќе го покрие целиот регион
Во Битола е во завршна фаза изградбата на нова, современа противпожарна станица која ќе ги унапреди условите за работа на пожарникарите и ќе овозможи побрз и поефикасен одговор при интервенции во градот и поширокиот регион. Објектот се простира на парцела од 3.300 квадратни метри, со корисна површина од 1.600 квадратни метри, и моментално е изграден до фаза на карабина, со веќе поставена дограма. Новата противпожарна единица ќе има клучна улога во заштитата на граѓаните, имајќи предвид дека ја п...