Јаревски: Инвестиција во рударскиот сектор во Македонија ќе претставува можност за трансфер на најсовремени технологии и развој на целокупната држава
Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија се осврна на најавата за отварање на рудник за антимон во кривопаланечко, кој ќе биде американска инвестиција во рамки на стратешкото партнертство и укажа дека моментално се изготвува стратегија и студија преку која ќе се разгледува какви се потенцијалите на овој рудник. Тој додаде дека конкретно за овој случај, добро е што имаме сериозен партнер, којшто произлегува од еден сериозен стратешки...