Жерновски и обидот да дојде до поентата – откако неговото друштво веќе ги „редефинираше“ македонските интереси
Ако политиката беше театар, Андреј Жерновски ќе беше мајстор за споредни улоги – секогаш доволно гласен за да се забележи, но никогаш доволно убедлив за да му се поверува. Неговата најнова прес-конференција е уште еден обид да се открие „голем заговор“, во кој главните негативци, замисли, поседуваат – пасоши. Да, добро прочитавте. Во 2026 година, во земја каде половина народ има барем еден „резервен“ документ во фиока, Жерновски откри дека некој има бугарски пасош. Следно што очекуваме е прес за...