Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата. Тој истакна дека денес се испраќа силна порака за прифаќање и разбирање како основа за градење здраво и инклузивно општество, потенцирајќи ја важноста од поддршката на локално и национално ниво. „Како локална самоуправа, остануваме посветени на креирање услови во кои секој има еднаква шан...