До крај на годината завршува Кичево–Охрид, следува поврзување со Бугарија, најави Николоски
Инфраструктурата е приоритет број еден на Владата и се работи интензивно на повеќе крупни проекти низ државата, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за поткаст.Тој посочи дека веќе се реализирани значајни проекти како реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир, пуштањето во функција на обиколницата на Крива Паланка, како и експресниот пат од Крива Паланка до Страцин. Следен чекор, според него, е изградбата на делницата Страцин–Романовце со поддршка о...