Пратеникот Миле Цеков ја напушти ЗНАМ и оди во независни пратеници
Пратеникот од Струмица, Миле Цеков, официјално ја напушти партијата ЗНАМ и повеќе не е дел од владејачкото мнозинство во македонското Собрание. Тој најави дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник. Во своето обраќање, Цеков истакна дека во политиката влегол со цел да придонесе за промени, борба против криминалот и корупцијата, како и за подобрување на системот, но според него, очекуваните резултати не се реализирале. „Не прифаќам да живееме во држава со корупција, селективна правда и н...